Вести
МОСТ: Гласањето се одвива без регистрирани проблеми
Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.
Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.
Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи и истите немаат проблеми при набљудување на процесот. Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.



