Вести
Сончево и ветровито – попладне локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 4.
Утринската температура ќе се движи во интервалот од три степени во Маврово до 14 во Гевгелија, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде седум степени, а дневната 22 степени Целзиусови.


