Вести
МВР: До 13 часот се евидентирани повеќе изборни нерегуларности
Од отворањето на гласачките места до 13:00 часот, според Оперативниот штаб на МВР, нема поголеми инциденти, а евидентирани се неколку помали во кои соодветно е интервенирано.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на денешната прес-конференција информира дека јавната безбедност е стабилна и сите случаи кои се процесуирани се изолирани и полицијата е максимално фокусирана и ефективно продолжува со превентивно работење и интервенирање.
Помошник министерот на Одделот за односи со јавност Јордан Ламановски на прес-конференцијата информираше дека на подрачјето на СВР Скопје во С.У. „Кочо Рацин“ на гласачко место 2556 било прекинато гласањето во 08:27 часот затоа што гласач откако гласал го фотографирал и искинал гласачкото ливче. Лицето е приведено во полициска станица Ѓорче Петров и гласањето е продолжено во 08:47 часот.



