Вести
МВР: Изборите мирни, со мали инциденти
Изборниот ден помина безбедно со мали инциденти, оцени Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР на вечерашната прес-конференција.
– За разлика од поранешните изборни циклуси може да се каже дека изборите поминаа многу помирно. Поднесени се неколку кривични пријави за поситни инциденти и повикани се во полициска станица неколку лица за пишување графити и оштетување предмети, истакна Ламаноски.
Нагласи дека во текот на изборниот ден полицијата интервенирала на повеќе наврати на пријави од ДИК и граѓаните и општинските изборни комитети најчесто за фотографирање избирачки ливчиња.



