Актуелно
МОСТ: Голема излезност – до 18 часот најголем одѕив во ИЕ 4, најмал во ИЕ 6
Граѓанската асоцијација МОСТ попладнево соопшти дека до 18 часот најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излегле на гласање 72,95 проценти од гласачите, а најмал одѕив има во Шестата изборна единица каде гласале 50,28 проценти.
Според податоците на МОСТ, во Првата изборна единица до 18 часот излезноста изнесува 71,44 проценти, во Втората изборна единица 64,09 проценти, во Третата изборна единица 70,31 проценти и во Петтата 62,25 проценти.
Од МОСТ информираат дека според информациите кои ги имаат од набљудувачите и регионалните канцеларии забележани се неколку неправилности на гласачките места како што се непочитување на постапката на гласање, фотографирање на гласачко ливче и поткуп и агитација.



