Актуелно
МВР: Лицето Д.С. удрил во два автомобили и побегнал на полицијата
На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец.
Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин Рузвелт, по што свртел десно по ул. М.Т.Гологанов, па потоа по ул.Њуделхиска, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во ПМВ Рено со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул.Алжирска, каде бил сопрен од полициска патрола.
Од страна на полициски службеници лично и непосредно било утврдено дека од возилото ПМВ Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К.




