Вести
Најладно во Берово -18 степени, најмногу снег во Маврово 79 сантиметри
Најниски температура утринава сее измерена во Берово – 18 степени целзиусови, потоа во Скопје и Маврово – 12, во Куманово -11 и во Лазарополе – 10 степени целзиусови. Највисока температура од 0 степени утрово е измерена во Охрид.
Највисока снежна покривка утрово е измерена во Маврово каде има 79 сантиметри снег, потоа во Лазарополе и Пожаране 55, во Ѓуриште 46, во Крушево 36 сантиметри…
Времето ноп Македонија е умерено до значително облачно. Во Демир Капија и Пожаране има магла со ограничена хоризонтална видливост, а во Скопската и Струмичката котлина, како и во Пелагинија слаба магла. На места дува слаб ветер од северен правец.



