Вести
ОВАЛНАТА СОБА ВО ЗЛАТНО: Трамп го почна првиот претседателски ден
Новиот американски претседател Доналд Трамп првиот ден од функцијата го искористи да го преуреди Овалниот кабинет во златна боја, иако во таа просторија помина само неколку минути.
Трамп најде време како 45. претседател на САД да остави свој печат во најважната соба на светот, пишува британскиот весник „Мирор“.
Фотографиите од Овалната канцеларија покажуваат дека Трамп веќе вовел некои измени на декорацијата од својот претходник Барак Обама.



