Вести
Најмногу дожд во Берово, најстудено во Лазарополе, Маврово и Крушево
До 8 часот утрово во Берово наврнале 24 литри дожд на метар квадратен, во Струмица 15, Дојран 12, Демир Капија осум литри, четири во Гевгелија, три литри во Крушево и по еден во Виница и Штип, информираат од УХМР.
Најстудено утрово е во Лазарополе, Маврово и Крушево каде се измерени 12 степени додека најтопло во Дојран со 20 степени потоа Гевгелија 19 па следуваат Битола, Тетово, Струмица, Претор, Куманово, Демир Капија и Скопје со измерени 18 степени. Во Охрид во осум часот измерени се 17 степени додека пак во Крива Паланка, Штип, Виница и Тополчани 16 степени.
Според синоптичарите денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни со над 30л/м2. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 17 до 23 степени.



