Балкан
Пожарите во околината Сплит ги гаснат 384 пожарникари со 102 возила
На подрачјата зафатени од пожарите околу Сплит се разпоредени 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила од 21 станица, а до седум часот полетаа три канадери, соопшти Жупанискиот противпожарникарен оперативен центар во Сплит.
И покрај бројните пожарникари, сезонци, војници и граѓани, пожарите во Сплит и во околината од синоќа ги гаснат и припадниците на навивачката група Торцида, а од денеска ќе им се придружат и навивачите од Загреб, Ријека и од Осијек.
Ветерот престана да дува и се претпоставува дека во текот на денешниот ден огнот би можел да биде ставен под контрола.



