Вести
Од утре дожд, грмежи и северен ветер
Од попладне синоптичарите најавуваат промена на времето со пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер особено во јужните и источните делови од Македонија. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта.
Како што соопшти УХМР, утре под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од север, времето ќе биде облачно и свежо, со умерен до засилен северен ветер. Во целата земја ќе има и врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Максималната температура значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне, а во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер.



