Актуелно
Најмногу дожд во Куманово, најстудено во Лазарополе
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Куманово, 44 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп, три литри.
Како што информира УХМР, до осум часот утрово водниот талог достигна 36 литри на метар квадратен во Пожаране, 29 во Пожар и Лазарополе, 26 во Маврово, 25 во Берово, Крива Паланка и Дојран, 21 во Крушево, 20 во Претор и Ѓуриште, 19 во Струмица, 18 во Штип, Гевгелија и Виница, 16 во Охрид, 15 во Скопје Петровец и Тетово, 14 во Битола, 11 во Скопје Зајчев Рид, девет во Демир Капија и осум литри во Тополчани.
Најстудено е во Лазарополе, еден степен, а максимални десет степени се измерени во Штип, Скопје, Струмица, Дојран, Гевгелија и Куманово. Во Тетово е девет степени, во Виница и Демир Капија осум, во Ѓуриште, Крива Паланка и Дебар седум, во Берово, Прилеп и Охрид шест, во Битола, Претор и Охрид, Тополчани и Пожаране пет, во Пожар четири, а во Маврово два степена.



