Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремен дожд со засилен северен ветер
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 11, а дневната ќе достигне до 14 степени.



