Вести
Најмногу снег и најстудено во Маврово – од утре разведрување со многу ниски температури
Највисока снежна покривка од 85 сантиметри, изутринава во седум часот е измерена во Маврово, 62 во Лазарополе, 61 во Пожаране, 43 во Ѓуриште, 41 во Крушево, 38 во Тетово, 31 во Берово, 30 во Демир Капија, 25 во Дебар и Тополчани, 22 во Скопје, 20 во Куманово, 16 во Струмица, 14 во Крива Паланка, 13 во Претор, 11 во Прилеп, 8 во Штип, 4 во Виница и 2 сантиметри во Охрид.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено изутринава е во Маврово каде се измерени -6 степени, -4 се измерени во Лазарополе, Ѓуриште, Дебар, Пожаране, Крушево, -3 во Тополчани, Крива Паланка, Берово и Претор, -2 во Прилеп, Куманово, Тетово и Скопје, -1 во Виница, 0 во Струмица, Битола, Демир Капија, Гевгелија, Охрид и Штип и 1 степен во Дојран.
Како што информира УХМР, денеска времето ќе биде претежно облачно со појава на магла во Струмичко и повремени слаби до умерени врнежи од снег, особено во источните и јужните делови. На север и на повисоките места дува поинтензивен ветер од северен правец.



