Вести
Петар Рупески четврти пат го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро
Дваесет и седумгодишниот Петар Рупески од населбата Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.
Рупески кој веќе четврти пат го фаќа Чесниот крст рече дека минатата година била една од најсреќните во неговиот живот.
– Во четири години трипати го фаќам крстот, заедно со мојата тајфа и од Варош ја продолжуваме традицијата. Минатата година беше една од најсреќните во мојот живот, посакувам на секој мој близок и на секој верник да му се случи таква среќа, порача Рупески по излегувањето од вода.



