Вести
Најстудено во Скопје и Берово – од утре затоплување до нула степени и јужен ветер
Во Скопје Петровец и Берово утрово е најладно, -21 степен. Минимални -20 се измерени во Битола, -19 во Тетово, -18 Куманово, Демир Капија и Штип, -17 во Струмица, -16 во Скопје Зајчев Рид и Прилеп, -15 во Крива Паланка, -14 во Виница, Дебар и Пожаране, -13 во Тополчани и Ѓуриште, -12 во Маврово и Гевгелија, -10 во Лазарополе, -9 во Крушево, -8 во Претор и -7 во Дојран и Охрид.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка до седум часот е најголема во Маврово, 62 сантиметра, а најмала во Дојран, еден. Во Лазарополе има 47 сантиметри снег, во Пожаране 41, 36 Тополчани, 29 Берово, 27 Дебар, 26 Ѓуриште, 25 Тетово, 24 Крушево, 19 Битола, 18 Крива Паланка, 16 Куманово и Струмица, 15 Охрид и Претор, 14 Демир Капија, 13 Штип, 12 Виница, 10 Прилеп и Скопје Петровец, 8 Скопје, и два Гевгелија.
За 24 часа се наврнати три литри на метар квадратен воден талог во Лазарополе и Битола, два во Дебар, Демир Капија и Претор и еден во Тополчани, Струмица, Крушево, Дојран,


