Актуелно
Национална акција за чистење од отпад – „Македонија без отпад 2015“
Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ денеска организираат национална акција за чистење на околината од отпад.
Целта на проектот „Македонија без отпад 2015“ е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.
Централниот настан во Скопје, како што е најавено, ќе се одржи кај Европската очна болница во општината Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.


