Вести
Над 150 моторџии од словенските земји учествуваат во проектот „Славјански свет“ на Ноќните волци
Над 150 моторџии од мото клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. Нивната мисија, која ќе трае 20 дена, почна од Нитра Словачка, информираа денеска на прес конференција од македонскиот мото клуб Ноќни волци.
– „Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто не можат да го направат тоа и другите луѓе.“, објаснуваат од Ноќни волци.
Моторџиите ќе поминат 3500 км, а симбол на маршутата им се словенските просветители Св. Кирил и Методиј, објаснува русинот Евгениј Страгов кој додава дека во секоја земја се подаруваат и разменуваат икони од светци.




