Вести
Во Демир Капија и Гевгелија 42 степена, во Маврово 30
Во Демир Капија и Гевгелија до 17:30 часот попладнево се измерени 42 степена, а во Маврово 30 степени.
Според УХМР, температурата е 40 степени во Штип, 39 во Скопје Петровец и Струмица, 38 во Скопје, Битола, Виница и Тетово, 37 во Прилеп, 36 во Тополчани, 35 во Крива Паланка, Ѓуриште, Охрид и Претор, 34 во Берово и Пожаране, како и 31 степен во Лазарополе.
До крајот на денот времето ќе биде ведро и многу топло, со умерен југозападен и југоисточен ветер.



