Вести
Над два милиона патници на македонските аеродроми во 2017
Два милиона патници (2.027.344) патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13 проценти споредено со 2016 година, соопшти денеска концесионерот на аердоромите ТАВ Македонија.
Вкупниот број на летови на двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, лани е зголемен за седум проценти и дистигна 18.130.
Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од скопскиот аеродром минатата година беа Истанбул (аеродромите Ататурк и Сабиха Гокчен) со 12,3 проценти пазарен удел, Цирих (8,6 проценти), Виена (6,5 проценти), Базел (5,3 проценти), Малме (4,6 проценти) и Лондон (3,7 проценти).


