Вести
НАГЛО ОПАЃАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА: Облачно со повремен дожд, на планините снег
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста, особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.
Поради спуштањето на оваа студена воздушна маса во попладневните часови ќе има нагло опаѓање на температурите и врнежите од дожд на некои повисоки места на надморска висина од околу 600 метри во западните делови ќе поминат во снег. Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Минималните температури се движеа од -5 во Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица и Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид и Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 Крушево, Дебар и Тополчани, 2 Крива Паланка, Скопје и Демир Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште и Гевгелија и 5 степени во Пожаране.



