Вести
ОД ВЕЧЕРВА ЗАЛАДУВАЊЕ: УХМР најави снег и засилен северен ветер
Повеќе врнежи од дожд и снег во западна Македонија и формирање снежна покривка на планините, најави за попладне Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Снег ќе има и на некои повисоки места, над 600 метри надморска височина.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, врнежи од слаб снег веќе има на Попова Шапка и Македонски Брод.
Според УХМР, поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.



