Вести
ПЛАНИРАЈТЕ ПОТОПЛА ОБЛЕКА: Ведро и многу студено за новогодишната ноќ
За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро и многу студено. Минималната температура ќе се движи од -16 до – 8 степени, а максималната дневна на првиот ден од новата година ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.
Во западните и северните делови утре ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад, а врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.


