Актуелно
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина и Дебар, на патните правци Штип – Велес – Скопје од 50 до 80 метри, Штип – Радовиш и Штип – Неготино до 100 метри, Штип – Св.Николе – Куманово од 30 до 50 метри и Скопје – Велес од 50 до 80 метри.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.


