Актуелно
Намалено аерозагадувањето во Скопје, Тетово, Кавадарци и Кичево
Во Тетово, Кавадарци, Кичево и во скопските општини Лисиче и Центар утрово концентрациите на ПМ 10 честичките се над дозволеното, но пониски од претходните денови.
Во осум часот мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат концентрација од 230 микрограми на метар кубен во Тетово, Битола 149, Кавадарци 68, Кичево, 46, Лисиче 73 и во Центар 44.
Во Карпош, Гази Баба и Ректорат концентрациите се под максимално дозволените од 35 микрограми на метар кубен.



