Актуелно
Засадување дрвца во рамки на акцијата „Денот на дрвото 2015“
Под мотото „Засади успех“ денеска во Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода, (нас. Драчево) ќе се одржи промотивно засадување дрвца во рамки на 16. акција „Ден на дрвото-есен 2015“.
Како што најавуваат организаторите, во кампањата оваа година акцентот е ставен на средношколците од градот Скопје, кои во текот на промотивната кампања насловена „Засади скопска иднина“, континуирано ќе засадуваат дрвца во училишните дворови и ќе ја озеленат својата средина.
Во акцијата ќе се вклучат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници од секторите за заштита на животната средина и образованието кои ќе засадуваат дрвца по средните училишта заедно со познати и успешни спортисти, писатели, естрадни личности, сликари итн.



