Вести
Напаѓачот на Шекеринска доби четири години затвор
Панче Ангелов кој ја нападна Радмила Шекеринска за време на насилствата во Собранието на РМ на 27 април, денеска доби четири години казна затвор од скопскиот Кривичен суд.
Ангелов на рочиштето што се одржа минатата недела изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.
– Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка, рече Ангелов на судењето.



