Актуелно
Нема македонски државјанин осомничен за поврзаност со „Париската група“
Германските власти негираат дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје. Како што објави синоќа светскиот сервис на Би – Би – Си, „македонски државјанин кој што би можел да биде поврзан со напаѓачите во Париз бил уапсен за време на рутинска контрола на полицијата“ .
Според Баварската крим полиција, уапсениот кој во своето возило марка голф во скриен бункер превезувал цел арсенал автоматско оружје, гранати и експлозиви е од Црна Гора, а возилото било со регистарски таблички од оваа земја.
Црногорецот бил уапсен на 5 ноември, 8 дена пред трагичните настани во Париз во близина на градот Розенхајм на автопат кој води од Германија кон Австрија. Во рутинската контрола која што е честа во пограничниот регион по зголемениот број на бегалци полицајците откриле тајна преграда на подот на возилото каде имало 8 аввтоматски пушки калашњиков, две рачни гранати, револвер, и 200 грама експлозив ТНТ.



