Вести
Сончево и топло, во недела локален дожд и пад на температурата
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе изразен во Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.



