Актуелно
Нимиц: Дојде време да се реши прашањето за името
Дојде време да се реши прашањето со името, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за „Катимерини“.
– Проблемот со бегалците, кој многу влијае врз двете држави, зголемувањето на терористичките закани во регионот, како и економските тешкотии со кои се соочува Југоисточна Европа, се дополнителни причини поради кои решавањето е од суштинско значење. Решението ќе ја отвори вратата за подобра соработка, посилен евроатлантски пристап кон решавање на регионалните прашања и би било од интерес на двете земји, истакнува Нимиц.
Медијаторот вели дека во текот на минатата година прашањето за името не било меѓу приоритетите, бидејќи двете земји имале и други важни прашања. Тој нагласува дека не критикува поради тоа, но додава дека е време сите со поголем интензитет да се фокусираат на оваа тема.



