Актуелно
Во 20 сообраќајки викендот во Скопје, 14 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.
На 30 октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.
На 31 октомври, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 12 часот и 30 минути на бул. „Св. Климент Охридски“ влез – излез од Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, роден 1932 година. По незгодата пешакот со возило на учесникот бил пренесен на Ургентен центар каде му е укажана лекарска помош и се констатирани тешки телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.



