Шоубиз
Откриено името на второто дете на Ријана
Пејачката Ријана (35) и раперот АСАП Роки (34) пред еден месец добија второ дете, син. Сега The Blast го откри необичното име што му го дадоа.
Познатата пејачка и раперот го нарекоа својот син Рајот Роуз Мајерс (Riot Rose Mayers), а се претпоставува дека името е референца на неодамнешната песна „Riot“ на Роки и Фарел Вилијамс која беше објавена на почетокот на оваа година.
Според изводот од матичната книга на родените до кој дошле американските медиуми, Рајот е роден на 1 август 2023 година во болница во Лос Анџелес во 7:41 часот. Пејачката ја криеше својата бременост се до настапот на Супер Боул во 2023 година, каде со својата модна комбинација го истакна трудничкиот стомак.




