Шоубиз
Семејна фотосесија: Ријана и Асап Роки го покажаа вториот син
Иконата на светската поп сцена Ријана, се породи пред месец и половина, а сега за прв пат покажа како изгледа нејзиниот втор син.
Таа и нејзиниот партнер, раперот Асап Роки, направија сет семејни фотографии со двата сина, каде за првпат и го покажаа на јавноста малиот син.
Ријана на својот син му го дала името Рајот Роуз (Riot Rose), а на фотографиите можете да го видите бебето со розова капа и насмевка. Инаку, таа се породи на 1 август.



