Вести
Нов комуникациски софтвер за поголема безбедност на воздухопловниот сообраќај
Високо-ефективен, компатибилен и модерен комуникациски систем за контрола на воздушниот сообраќај, може значително и директно да придонесе за поголема безбедност на летовите.
Комуникацискиот систем е можеби најважниот систем за управување со безбедноста што овозможува брза комуникација на контролорите на летање на релација воздух – земја или земја – земја, меѓу авионите или со околните центри за летање.
М-НАВ, Македонска навигација како тело што ги овозможува сите услуги поврзани со воздухопловната навигација е надлежно за контрола на воздушниот сообраќај во цивилното, спортското и военото воздухопловство. Соодветно на тоа, Македонска навигација ја обезбедува безбедноста на воздушниот простор и затоа мора да биде опремена со адекватен, функционален и апликативен навигациски систем.


