Актуелно
НОВА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО: Медика Истанбул нуди нов концепт за врвна здравствена услуга
Дванаесет оддели, модерна апаратура и нов современ концепт на здравствени услуги нуди новата поликлиника Медика Истанбул Тетово којашто и официјално ги отвори вратите.
Радиологија, нуклеарна медицина, ортопедија, неврологија, урологија, гинекологија, педијатрија, општа хирургија, интерна медицина, ендокринологија, дијагностичка биохемиска лабораторија и стоматологија, се одделите каде што пациентите ќе ја добијат врвната негата и брза и ефикасна дијагностика.
Новоотворената клиника е дел од Дијагностичката болница Медика Истанбул Турција, која што важи за креатор на уникатен модел на здравствена услуга и истиот е пренесен во Македонија.





