Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВА ГОДИНА ШИРУМ СВЕТОТ: Меѓу првите во 2016 влегоа Нов Зеланд и Австралија

Актуелно

НОВА ГОДИНА ШИРУМ СВЕТОТ: Меѓу првите во 2016 влегоа Нов Зеланд и Австралија

Светот ги почна прославите за Новата година, а меѓу првите кои влегоа во Новата 2016 година беа државјаните на Нов Зеланд и Австралија, јави Би-Би-Си.

Толпата народ ги одброи последните секунди од 2015 под облакодерот Скај Тауер во Оукланд во 11 часот по Гринич, придружени од огномет и ласерско шоу. Во Австралија, огнометот го осветли пристаништето на Сиднеј на полноќ (13 часот по Гринич).

Нов Зеланд ја дочека 2016 година еден час по Самоа и Кирибати, првите држави во кои камбаните ја поздравуваат Новата година.

_87437924_3b7b8b76-6e3b-43be-bccc-75c8f18665ea[1]

Големите градови во Азија, како Хонг Конг, Сингапур и Пекинг наскоро исто така ќе го одбележат пристигнувањето на Новата година со свои грандиозни празнувања.

Во Египет, празнувањето ќе се одвива пред пирамидите крај Каиро, како обид на владата да го препроди туризмот, кој исто така е жртва на терористичките напади.

Во меѓувреме, во Дубаи екстравагантно шоу ќе осветли највисоката зграда во светот, облакодерот Бурџ Калифа, со 400 илјади LED светилки и 1,6 милиони пиротехника, подготвена за употреба.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.