fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава

Актуелно

Нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава

ТАВ Македонија и компанијата „Визер“ денеска ќе ги промовираат трите нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава. 

Авионите на Визер до овие три европски градови ќе сообраќаат два пати во неделата.

Авиокомпанијата опслужува нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром што е поврзување со 11 држави.

Предвидено е на прес-конференцијата по тој повод да зборуваат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, директорот за операции на „Визер“ и амбасадорот на Словачка Мартин Безак.

„Визер“ го реализираше првиот лет од Скопје во јуни 2011 година, а во октомври 2012 воспостави база во Скопје, а сега функционира со три воздухоплови и 84 вработени со седиште во главниот град. Од јуни лани почна со летови и од охридскиот аеродром.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.