Започнува пријавувањето за 17-тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021
Организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2021, со полна пареа работат на овогодинешното 17то издание на маратонот, кој низ годините прерасна во најмасовен спортски настан и од година во година привлекува се поголем број на учесници.
Од настан кој се организираше еден ден во годината, оваа година изненадување за тркачите и љубителите на спортот е тоа што маратонот ќе се реализира како дводневен настан.
Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2ри и 3ти октомври, а почнувајќи од денес, 29 јуни 2021 година, од 10:00 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. 2ри октомври, оваа година ќе биде резервиран за трката на 5км, со старт од 17:00 часот, а во недела, на 3ти октомври, од 8:00 часот наутро ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.




