Вести
ЈО: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволивo
Објавувањето фотографии на гласачи е противправно дејство кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање.
Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопшти Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот при Јавното обвинителство на РМ.
Според Комисијата, вакви дејства преземени во текот на процесот на гласање, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на Јавното обвинителство.



