Актуелно
Обиколницата во Скопје пуштена за сообраќај во двата правца
Обиколницата Скопје која беше затворена по невремето од саботата, попладнево од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.



