Актуелно
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец. Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Темепратурата ќе се движи од 22 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец. Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд.



