Вести
Обилен снег на дел од патиштата, забрана за автомобили преку „Буково“
Забрана за движење на планинскиот превој „Буково“, покрај за тешки товарни возила, е воведена и за патнички моторни возила. Поради обилните снежни врнежи, МВР апелира на магистралните патишта Охрид-Кичево и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.
СВР Охрид, укажува Министерството, презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Поставени се сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на село Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.



