Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег

Вести

Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег

Висината на снежната покривка во Маврово до 16 часот изнесува 55 сантиметри, во Пожаране 37, Лазарополе 25, Ѓуриште 19, Тетово осум, Берово пет и два сантиметри во Охрид.

Како што соопштија од УХМР за девет часа во Маврово наврнале 17 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 16, Тетово 13, Охрид 12, десет во Лазарополе, четири во Скопје…

Времето до крајот на денот, според синоптичарите, ќе биде облачно со повремени врнежи од снег во западните делови. Вдолж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, а во источните делови ќе врне претежно дожд, но на повисоките места и на планините ќе врне снег.

Обилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог, а снежната покривка се очекува да се зголеми за 38см. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.