Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавена програмата за OHRID CALLING 2021 – експлозивните NERVO хедлајнери на фестивалската програма

Вести

Објавена програмата за OHRID CALLING 2021 – експлозивните NERVO хедлајнери на фестивалската програма

По едногодишна пауза, најголемиот електронски фестивалски бренд на Македонија, OHRID CALLING се враќа назад на вашето омилено место, Касарна – Охрид.

Пред вас ќе бидат три возбудливи дена коишто верувајте ни, се далеку над сите можности од времето во кое го создававме ова фестивалско издание за вас.

Започнуваме на 31ви јули, каде на првиот фестивалски ден хедлајнери ќе бидат експлозивните девојки NERVO!

NERVO е дуо веќе добро познато за армијата на Оhrid Calling, кое настапува во primetime и на фестивали како Tomorrowland, Ultra Music festival и слично.

Пред NERVO настапува диџеј дуото VINAI за прв пат во Македонија, добро познати по хитовите “Rise Up“, “How We Party“ и др, и секако, своите спектакуларни диџеј сетови. Пред VINAI се едни од најголемите регионални и светски дј-дуа VANILLAZ кои ни доаѓаат од Словенија, а првата фестивалска вечер ќе ја отвори младата и надежна диџејка JANA SLAYY.

На втората фестивалска вечер на 01 август, хедлајнер ќе биде REGARD, во моментов веројатно најактуелниот светски диџеј од чии што хитови “ Ride It“, „Secrets“ “You“ се толку многу заразни, за што доказ е фактот дека за брзо ги покори сите светски топ листи. Пред него ќе настапат и веројатно најдобрите entertainment-ти во диџеј индустријата- DJ`S FROM MARS. Посебната специфика на оваа вечер ја даваат SENIDAH и SARA JO- сигурно едни од најголемите ѕвезди на балканската rnb и трап сцена, кои за прв пат доаѓаат во Охрид после настапите на фестивали како Exit и Sea Dance. Загревањето на оваа вечер ќе му биде доделено на младиот диџеј DELOVSKI.

Последната фестивалска вечер, одбрана намерно да биде на 2ри август, на големиот празник Илинден, се потрудивме да биде специјална со after – midnight closing festival set на спектакуларното диџеј дуо SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO. Пред нив ќе настапи диџеј дуото OFENBACH, на сите добро познато по своите екстремно големи хитови како “Wasted Love“, “Be Mine“, “Paradise“ и уште многу други. Пред Ofenbach, првата интернационална ѕвезда таа вечер ќе биде хитмејкерот MAHMUT ORHAN кој на сцената на Ohrid Calling ќе настапи со специјален диџеј сет. Вечерта ќе ја отвори младиот и надежен диџеј CHRIS J.

ВАЖНО: Иако сме лимитирани со капацитет и во продажба нема да бидат пуштени повеќе од 5.000 влезници на локација која собира 15.000 посетители, се одлучивме за неверојатно ниски цени за ваков фестивалски line-up:

ПАРТЕР ДНЕВЕН БИЛЕТ: 1000 ДЕНАРИ
ПАРТЕР ТРИДНЕВЕН ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ: 2000 денари (секој посетител што ќе купи тридневна влезница добива специјална фестивалска нараквица)
ФАН ПИТ ДНЕВЕН БИЛЕТ: 1500 денари (само 500 влезници)
ФАН ПИТ ТРИДНЕВЕН ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ: 3000 денари (секој посетител што ќе купи тридневна влезница добива специјална фестивалска нараквица)

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 07 јули во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.