Вести
Облачно и посвежо со врнежи од дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со појава на град. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје, предпладне умерено облачно, попладне променливо облачно со повремен дожд и грмежи и со умерен до засилен западен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до 12, а највисоката дневна ќе достигне 25 степени.



