Вести
ОБЛАЧНО И ВЕТРОВИТО: Од понеделник пад на утринските температури и умерен северен ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува претежно југоисточен ветер, а во североисточните делови ветерот ќе биде од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до седум степени.



