Актуелно
Облачно, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец.



