Актуелно
Облачно со повремен дожд и засилен ветер
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Повеќе врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер, а наместа засилен ветер од југоисточен правец. Наместа особено во Пелагонија ќе се засилува и се очекува да достигне до околу 70 км/час.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно свежо време со повремен слаб дожд, особено предпладне.



