Актуелно
Облачно, со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, претежно со слаб интензитет.
Пооблачно ќе биде во западните делови од земјата каде што ќе биде и нешто поврнежливо, меѓутоа не се очекуваат големи количини на воден талог. На повисоките планини во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умрен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.



