Актуелно
Доналд Трамп е 45. претседател на САД
Доналд Трамп беше избран за 45. претседател на САД. Со победата во Висконсин тој доби повеќе од 270 гласови во Изборниот колегиум, кои се потребни за победа.
Кандидатот на Републиканската партија се обрати од својот изборен штаб во Њујорк изразувајќи благодарност за поддршката и довербата што ја добил.
Тој истакна дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон му ја честитала победата.






